Нашата Мисија


Мисијата на Друштвото за внатрешна и надворешна трговија „Петро-М“ ДОО Илинден, Скопје е искористување на обновливите извори со цел да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата, која зафаќа се поголем зафат во светски рамки.


Република Македонија како членка на Европската Енергетска Заедница и потписничка на Кјото актот го следи трендот на се поголемото искористување на обновливите енергетски потенцијали, заради зачувување на природната околина.


Во светот постојат неограничени и недоволно искористени природни обновливи енергетски извори, а најголем од тие секако претставува сончевата енергија. Се поактивни се компаниите во светот кои инвестираат сопствен капитал во унапредување на постојните системи за конверзија на сончевата во топлинска и електрична енергија, како и во развојот на нови технологии.


Исто така и во Република Македонија постои интерес за инвестирање во овој вид на објекти за производство на електрична енергија.


„Петро - М“ ДОО донесе многу значајна одлука за инвестирање на сопствениот капитал во проект кој ќе биде од корист како за компанијата и нејзината перспектива, така и за Република Македонија која има можност од се поголемо ослободување од штетните последици при производство на електрична енергија за која се користат други алтернативи. Секако дека овие храбри чекори ќе придонесат да ги поттикнат и останатите приватни компании во инвестирање на проекти за производство на електрична енергија со користење на обновливи енергетски потенцијали.


Подршка на овој проект е законската регулатива во Република Македонија. Согласно Законот за Енергетика на Република Македонија, од страна на Регулаторната комисија се донесени Правилникот за начин и постапка за утврдување и одобрување на користење на повластена тарифа за купопродажба на електрична енергија произведена од фотоволтаични системи и Одлуката за утврдување на повластена тарифа за купопродажба на електрична енергија произведена и испорачана од фотоволтаични системи.