Производи


Базни Производи


Базните производи ги опфаќаат следните производи: Etilen C2H4, Propilen C3H6, C-4 фракција, пиролитичкиот бензин, пиролитичкото масло, натриум хидроксид NaOH, натриум хипохлорид NaOCl, хлороводородната киселина HCl, метил-терцијалниот бутил етар MTBE.


Етиленот со нуспроизводите се добива со парно крекирање на примарниот нискооктански бензин. Целта на овој процес е да од јаглероводородните соединенија со поголема молекулска маса се претворат во помали соединенија со двојна врска помеѓу јаглеродните атоми.

Етиленот произведен во HIP-Petrohemija Pancevo е таков да веднаш може да се користи за производство на полимери „polymer grade” содржина на етилен од минимум од 99,9% vol.


Полимери


Полиетилените се макромолекули-полимери кои настануваат со полимеризација на етиленот. Условите на полимеризацијата (најмногу притисокот) ја одредуваат особината и типот на полиетиленот и неговата понатамошна преработка и употреба. Со полимеризација на етиленот со висок притисок (1500-3000 бара) во присуство на слободни радикали настанува полиетилен со ниска густина (PENG). Со полимеризација на етиленот со низок притисок (околу 42 бара) со катализатор настанува полиетилен со висока густина (PEVG).


Благодарение на своите карактеристики, лесната преработка и големата елпеза на употреба, полиетилените најмногу се користат во споредба со останатите полимери.


Посебно се доминантни во областа на пакувањето, бидејки современото производство, пакувањето, транспортот и чувањето на производите повеке неможе да се замисли без цврста, отпорна, непропусна и лесна амбалажа која го штити производот и ги намалува трочоците за транспорт и ускладиштување, а која овозможува и нејзино печатење.


Стирен-бутадиенски каучук добиен со емулзиона полимеризација (E-SBR) е еден од најмногу користените полимери, имајки ја во предвид неговата многунаменска примена, од изработка на автомобилски гуми до играчки.


E-SBR-от е компатибилен со природниот каучук и може потполно да го замени, а во споредба со него подобро се преработува, а има и подобра отпорност од абразија и стареење. Од друга страна, E-SBR-от е компатибилен и со други типови на синтетички каучук со што при добра преработувачка и абсорпција на адитиви овозможува користење на разновидни формулации за различни видови на производи.Најголеми количини E-SBR (околу 70%) се употребуваат за изработка на автомобилски и камионски гуми, меѓутоа постојат низа производи кај кои E-SBR-от е незаменлив. Тоа се транспортните и погонските ленти, ремени, цевки и црева, технички делови и производи за различни индустрии, подни облоги, гумени обувки, изолација на кабли, играчки и слично.


HIPLEX® (полиетилен со висока густина - PEVG)


HIPTEN® (полиетилен со ниска густина - PENG)


HIPREN® (стирен-бутадиен каучук - SBR)