За Нас

СЕРТИФИКАТИ


Петро М Доо Скопје, е фирма со повекегодишна традиција и искуство во работењето со фотокопирна хартија IQ-Ideal Quality, Color Copy хартија за дигитално печатење, потрошен канцелариски материјал и хигиенски средства.


Од 2003 година сме овластени увозници и дистрибутери на MONDI Business Paper Austria со своите брендови IQ–Ideal quality, Color Copy како и новиот развиен избор IQ Color.


Во нашиот асортиман покрај широкиот асортиман на мултифункционални хартии од MONDI BP, располагаме и со голем број на артикли од познати и реномирани производители на потрошен канцелариски материјал, тонери, компјутерски медиуми и хигиенски средства.


Нашите мултифункционални хартии без оглед дали е ласер, инкџет или копир машина, се специјално развиени и дизајнирани за различните потреби на модерните канцеларии. Континуираниот развој и прилагодување на последните технологии за печатење помогнаа во создавањето на нашите хартии како хартии на иднината.



TO SET A TREND YOU NEED IQ.


IQ - Ideal Quality со својот широк избор го нуди најдоброто решение за модерните канцеларии, секогаш еден чекор понапред и во постојан развој со цел побрзо и подобро да одговори на растечките потреби на своите клиенти. Брендот IQ Ideal Quality означува повеке хартии кои се идеално решение за сите ваши потреби, создадени со употреба на најновата технологија, сертифицирани според FSC (Forest Stewardship Council) стандардите и со единствената TRIOTEC® high tech технологија.


think global and act local – IQ


Color Copy - со color copy ефектот се овозможува уникатна оригиналност и сјај на вашите колор копи и колор ласерски принтови. Овозможува печат со висок квалитет кој изгледа неверојатно реално. Водечки колор ласерски бренд во Европа препорачан од водечките производители на машини за печатење во светот.


IQ Color – новиот мултифункционален избор на хартии од MONDI BP е исто така достапен во широк избор на бои и нијанси профилиран како IQ Color.


Долгогодишното присуство на пазарот, искуството и знаењето, големиот број на задоволни купувачи, експедитивноста во испораката door-to-door, како и стручниот и способен тим на вработени, посветени на исполнување на вашите потреби и барањата од оваа област, се доказ за оправданоста на вашиот избор.